ЗА НАС

Kога во 2005 година започна со работа Далма Фоод & Кетеринг Сервисот, „амбициозниот проект“ нè претвори во престижна кетеринг компанија, лидер во Скопје и пошироко, препознатлива по својот единствен стил, по извонредниот квалитет и конкурентната цена.

Секој детаљ од подготовката на храната, од визијата па сè до послужувањето за нас е исклучително важен. Нашата услуга е резултат на залагањето на врвни готвачи, организатори, келнери и друг персонал. Извонредно вкусната храна, секогаш подготвена од најсвежи производи, приготвена од врвни мајстори, сервирана според последните кулинарски трендови, е само дел од нашата богата понуда во која досега се увериле илјадници наши клиенти и нивните гости. Богатото мени се подготвува до совршенство за да ги задоволи сите ваши желби, замисли, фантазија и од вашиот настан да направи прекрасни спомени. Менијата кои ги нудиме ги следат вашите желби и можности, вклучуваат традиционалната кујна, егзотични закуски, морски плодови, современи коктел ордевери, посебни комбинации за приватни и деловни вечери, детски менија, сендвичи, салати, менија за посебни прилики (филмски кетеринг, снабдување на компании со оброци и др.).

Списокот на нашите клиенти е огромен, а бројот на оние што ни веруваат секојдневно се зголемува. Во текот на годините опслуживме над 6000 настани, од највисоки државнички церемонии, конгреси и самити, дипломатски прослави, па сè до најмали семејни веселби. Од друга страна, ние постојано вложуваме во развојот на кадровските и техничките капацитети. Затоа денес ДАЛМА Кетеринг Сервисот е прва лиценцирана кетеринг компанија во Република Македонија која работи според HACCP и ISO 9001 стандардите. За тоа говорат бројните награди за квалитетот на нашите услуги и посветеноста со која во изминативе години работиме за да ги задоволиме и најпробирливите клиенти.

Далма Фоод & Кетеринг не е само храна. Таа е комплексен систем на услуги кои ви се потребни за да ги организирате вашите свадби, интимни семејни веселби, коктели и ВИП приеми со илјадници гости, промоции, отварања, церемонии, деловни ручеци и вечери, приватни забави и журки. Далма Фоод & Кетеринг е тука за да ви помогне со секој елемент од организацијата – храна и пијалок, опрема за кетеринг (маси, столови, декорации и др.), шатори и тенди, опрема за озвучување и осветлување на простор и настани, бини и пропратни елементи, видео опрема (LCD монитори, LCD проектори, платна и др.), опрема за преведување (слушалки за симултан превод и кабини), како и друга опрема за организација на настани. Нашето мото „Бидете гостин на сопствената забава“ е само доказ дека нашиот сервис го организира секој детал на вашиот настан за да можете целосно да им се посветите на гостите.

Создавањето на приказната за ДАЛМА - приказна која реди успеси веќе девет години во Република Македонија и регионот, е заслуга на тие кои нè одбраа заедно да ги споделиме најубавите моменти од нивниот приватен живот и деловното работење. Тие се дел од долгата листа на задоволни клиенти.

А вас, ве покануваме да ни дозволите да ги реализираме вашите желби и да ги почувствувате ефектите на најпрофесионалниот кетеринг. Со нас може да почувствувате како е да „Бидете гостин на сопствената забава“.

Со почит, Дејан Атанасовски и тимот на ДАЛМА

© ДПТУ ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС - СКОПЈЕ, Ул. „Петар Попарсов“, 22-3 - Скопје